Дома Фудбал Италија Киелини донел одлука, го напушта Јувентус на крајот од сезоната

Киелини донел одлука, го напушта Јувентус на крајот од сезоната

Како што стојат работите искусниот стопер Џорџо Киелини на лето ќе го напушти Јувентус.

Италијанските медиуми се убедени дека Киелини од наредната сезона ќе игра во САД во МЛС лигата. Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри најави промени за следната сезона. Паоло Дибала ќе биде слободен играч, а се очекува листата на играчи кои ќе го напуштат Јувентус да биде подолга.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Киелини долги години го носи дресот на Јувентус во одбраната заедно со Леонардо Бонучи. Тешко Јувентус ќе најде замена за еден од најдобрите стопери во последните 15-тина години. За Јувентус Киелини одигра 556 натпревари што го става на третото место по бројот на настапи во дресот на торинскиот клуб зад Дел Пиеро и Буфон.

Договорот на Киелини истекува во јуни 2022 година и како слободен играч ќе ја промени средината, се уште не е познато кој клуб точно ќебиде негова наредна дестинација. Во клубот дојде во 2004 година и со Јувентус го помина патот од Серија Б до девет Скудета во низа, додека за репрезентацијата на Италија одигра 116 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…