Во едно дерби средбите во Лигата на шампионите Јувентус на свој терен со минимални 1:0 го совлада актуелниот европски шампион Челзи со 1:0.
После неубедливите игри на „Старата дама“ во Серија А Јувентус конечно одигра добар меч во склад со репутацијата, одличен беше Федерико Киеза.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Kиеза го постигна единствениот гол на натпреварот, а после мечот зборуваше за наводниот лош однос помеѓу него и Алегри.
„Никогаш не сум имал проблем со тренерот, се работи за шпекулации. Правам се што се бара од мене. Вие новинарите сакате кога Јувентус игра лошо, во тие моменти изнесувате безмислени работи“, изјави Киеза.
Јувентус во Лигата на шампионите после две кола има исто толку победи, а во третото коло ќе се сретне со Зенит.