Најлудата приказна од преодниот рок заврши рано утринава со среќен крај за Баерн.
Хари Кејн (30), најдобриот стрелец во историјата на Тотенхем и на репрезентацијата на Англија, потпиша во 2 по полноќ за Баерн.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ова го открија сигурни извори, Мануел Вет од Форбс и Мигел Дилејни од Индепендент.
Можеби денеска ќе дебитира за Баерн
Ова со ентузијазам го следеа многу навивачи на најголемиот германски клуб, кои цел ден и ноќ дежураа пред седиштето на Баерн.
Германските медиуми посочуваат дека сега Баерн се обидува да ја реши регистрацијата и документацијата, па Кејн денеска да дебитира за новиот клуб во Суперкупот на Германија против Лајпциг.
Сагата се претвори во драма во последните 24 часа
Потписот на Кејн стави крај на сагата која се претвори во драма во последните 24 часа.
Имено, вчераутро сите медиуми го пренесоа она што го објави најсигурниот извор од пазарот: „Хари Кејн е нов играч на Баерн. Се беше договорено во четвртокот навечер. Германците ќе им платат на Англичаните 100 милиони евра и 10 милиони евра преку бонуси.
Кејн ќе го потпише договорот на четири години, а во петок наутро лета за Минхен, каде ќе му бидат извршени лекарски прегледи“.
Кејн беше на пат за Минхен и тогаш претседателот на Тотенхем му нареди да застане. Со часови чекаше во автомобилот
Но, во петокот околу пладне, шок. Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви докажа зошто има репутација на најтешкиот преговарач.
Додека Кејн се возел до аеродромот во Лондон, му било кажано да не оди во Минхен бидејќи наводно преговорите заглавиле поради некои детали.
Кејн потоа седел во автомобилот неколку часа, чекајќи да се реши проблемот. Вчера попладне тоа конечно се случи, па Кејн сепак се упати кон Германија.
Harry Kane still at Säbener Straße, waving to fans who have been waiting to catch a glimpse of the striker [🎥 @skysportspaulg]pic.twitter.com/Ieb5B1JyKU
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) August 11, 2023