Дома Македонски спорт Кенијците доминираа на „Скопскиот маратон“, Ивановски на второ место

Кенијците доминираа на „Скопскиот маратон“, Ивановски на второ место

Онезмус Киплагат од Кенија е победник на „Скопскиот маратон” 2022 година, тој патеката долга 42 километри низ главниот град на Македонија ја мина со време од 2:18:19 часа.

Скопскиот атлетски маратон од година во година станува сè помасовен и е еден од водечките во регионот.  Доказ за тоа е и рекордната бројката од 8.500 професионални и аматерски натпреварувачи од 47 земји.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во машка конкуренција триумфираше Кениецот Онесмус Киплимо Киплагат со време од 02:18.19 часа, пред македонските натпреварувачи Дарио Ивановски (02:33.07) и Никола Илиевски (02:43.28).

Кај жените првопласирана беше Кенијката Катерин Черотич со време 02:38.48 часа, пред нашите претставнички Билјана Кираџиева (03:04.49) и Тамара Попов (03:23.00). 

Во полумаратонот на 21 км, во женска конкуренција славеше нашата Адријана Поп Арсова со време од 1:16:12 часа. Зад неа финишираше Греса Бакрачи од Косово, а на подиумот имаше место за уште една Македонка Миљана Ристиќ.

На машкиот полумаратон, подиумот беше целосно македонски, а победник беше Жан Тошев со време од 1:11:56 часа, втор беше Иван Пешовски, а трет Атанас Анчевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…