Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Кеирош до навивачите: Ако не не бодрите, тогаш седете си дома!

Кеирош до навивачите: Ако не не бодрите, тогаш седете си дома!

Селекторот на Иран, Карлос Кеирош остана видно разочаран од високиот пораз од Англија (6:2) на стартот на Светското првенство.

Некои од навивачите свиреа за време на интонирањето на националната химна, додека други ги држеа натписите „Жена, живот, слобода“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекторот Карлос Кеирош испрати порака до навивачите после мечот.

„Моите играчи не се во најдобро опкружување поради ситуацијата и немаат концентрација во целост. Тие се луѓе, имаат свои деца, свој сон, а тоа е да играат за својата земја, за народот. Јас сум горд што тие се изборија за тоа, што дадоа два гола против Англија во сите овие услови“.

„Оние кои не сакаат да не бодрат, тогаш нека не доаѓаат на стадион. Останете си дома. Не ни требаат луѓе кои даваат поддршка само кога победуваме“, изјави Кеирош.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Клоп разочаран им се извини и на навивачите

Ливерпул вчера неочекувано беше поразен во градското дерби против Евертон со 2:0 и така др…