Агентот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Матеја Кежман ги демантираше информациите дека неговиот клиент сака трансфер во Манчестер Јунајтед.
Италијанските медиуми денес пренесоа наводна изјава на Кежман дека Милинковиќ-Савиќ има понуди од неколку клубови, но тој сака кариерата да ја продолжи во Манчестер Јунајтед.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Тоа се лажни вести, не сум давал интервјуа во последно време. Некои новинари се неверојатни со своите измислици. Бесен сум, тоа е покажување на недостаток на респект кон мене, кон Лацио и секако, кон Сергеј“, изјави Кежман.
Српскиот фудбалер ова лето готово сигурно ќе го напушти Лацио, а за неговиот потпис се борат ПСЖ, Јувентус и Манчестер Јунајтед.