Дома Фудбал Англија Кај Тен Хаг сигуни се само осум играчи, се уште нема одлука за Мегваер и Рашфорд

Кај Тен Хаг сигуни се само осум играчи, се уште нема одлука за Мегваер и Рашфорд

Манчестер Јунајтед игра сезона за заборав, а на лето со новиот менаџер сигурно ќе следува голема реконструкција на тимот.

Веќе се знае кој сигурно заминува, Мата, Матиќ и Погба го напуштаат „Олд Трафорд“, а Тен Хаг нема да смета сигурно и на Баи, Ван Бисака и Џонс.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Медиумите на Островот пренесуваат дека Тен Хаг сигурно во тимот ги гледа Де Геа, Варан, Далот, Бруно, Санчо, Мектомини, Еланга и Ван де Бек, кој ќе се врати од позајмица. Ова не значи дека сите ќе бидат стартери, но ќе бидат основа на тимот.

Медиумите додаваат дека и Тен Хаг напорно работи на пронаоѓање на причините поради кои Хари Мегваер игра многу подобро за репрезентацијата на Англија, но не и за „црвените ѓаволи“. Некои медиуми пишуваат дека Манчестер Јунајтед можеби бара нов централен дефанзивец кој игра со лева нога и кој ќе биде идеален партнер за Англичанецот.

Исто така нејасна е иднината и на Маркус Рашфорд, за кого Тен Хаг се уште нема донесено конечна одлука дали да го задржи во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Англија ја победи Србија, но не прикажа шампионска игра 🎥

Репрезентацијата на Англија ја победи Србија во последниот натпревар од денешната програма…