Дома Трансфер зона Кај Гвардиола е резерва, а го сакаат ПСЖ и Наполи

Кај Гвардиола е резерва, а го сакаат ПСЖ и Наполи

bravo

Резервниот голман на Манчестер Сити и покрај тоа што долго време е на клупата се уште „држи“ цена.

Клаудио Браво во 2016 година пристигна на „Итихад“ како големо засилување.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Веднаш застана помеѓу стативите, токму поради него од клубот замина Џо Харт. Сепак, Чилеанецот не ги оправда очекувањата, имаше премногу киксови, па Гвардиола минатото лето во своите редови го доведе одличниот Едерсон кој оваа сезона е незаменлив.

Браво така падна во втор план, се шпекулираше дека би можел да се врати во Шпанија, но како што пренесуваат чилеанските медиуми, искусниот голман на лето би можел да направи трансфер во нов голем клуб.

Имено, за неговите услуги во овие моменти интерес покажуваат Пари Сен Жермен и Наполи.

„Светците“ не се задоволни од Трап и Ареола, сакаат голман од светска класа, често се поврзуваа со голмани како Облак и младиот Донарума, но сепак искусниот Браво е далеку подостапно решение од споменатиот двоец.

Наполи по завршувањето на сезоната останува без Пепе Реина кој на крајот од сезоната се сели на „Сан Сиро“ и во таборот на Наполи во Браво гледаат идеално решение за негов наследник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…