Дома Македонски спорт Катерина Милеска е прв женски селектор во македонска фудбалска репрезентација!

Катерина Милеска е прв женски селектор во македонска фудбалска репрезентација!

Катерина Милеска, тренер на првакот Деспина, сеуште актуелната репрезентативка на македонската женска репрезентација и рекордерка по бројот на настапи во женската селекција е именувана за селектор на женската репрезентација до 17 години.

Женската репрезентација до 17 години ја очекуваат два пријателски меча во Букурешт со Романија (17. и 19. август), а првиот резултатски предизвик е квалификацискиот турнир следниот месец против Естонија, Молдавија и Украина.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Ме радува тоа што сум прв женски селектор на македонска репрезентација. Визијата на ФФМ „Повеќе жени, повеќе голови“ и стратегијата за развој на женскиот фудбал е насочена кон вклучување на повеќе девојки и жени во нашиот фудбал, а јас се надевам дека ќе бидам поттик за доплнителна промоција на нашиот фудбал. Се разбира, со докажување во работата и подобри резултати на националните тимови.

Бев вклучена како тренер во селекцијата до 15 години и одлично ги познавам девојките од репрезентацијата. Проблем е тоа што поради здравствената криза немавме собири и натпревари во изминатиот период, но сега ни следуваат два пријателски натпревари против Романија и тоа е убава можност да го видиме нашето ниво на игра. Се надевам дека заеднички ќе ја градиме селекцијата на вистински начин и ќе создаваме репрезентатиен квалитет за А селекцијата“, изјави Катерина Милеска. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар се засили со дефанзивецот Пинтер

Вардар започна со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот мак…