За помалку од една година ќе се игра Мундијалот во Катар, а бидејќи е добро познато дека оваа земја нема навивачка ултрас-кулутура федерацијата наводно размислува дури и да „изнајми“ навивачите.
Англиските медиуми пишуваат дека поседуваат документ на кој се гледа дека Фудбалската федерација на Катар предвидува „изнајмување“ на навивачи кои би пееле и навивали 90 минути во текот на натпреварот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Покрај информацијата за поседување документ, Англичаните пренесуваат и изјава на навивач кои ги потврдува нивните најави.
„Слушнав дека катарската федерација сака да изнајми навивачи кои ќе преват врева на трибините. Кога би ме прашале мене дали ќе изнајмат јас ќе кажам – да. Мислам дека тоа е и неопходно. Јас сум навивач, имаме мала група, но далеку сме во споредба со останатите на некое навивање. Едноставно нашата нација не е таква, тивки сме и мирни“, зборува навивачот.