Дома Фудбал Репрезентации Катар доби повик и ќе игра на Копа Америка

Катар доби повик и ќе игра на Копа Америка

quatar

Фудбалската репрезентација на Катар, земјата домаќин на Светското првенство во 2022 ќе учествува наредната година на Копа Америка во Бразил, изјави генералниот директор на локалната академија за развој на фудбалот Иван Браво.

На најголемото репрезентативно натпреварување во Јужна Америка наредната година ќе учествуваат 16 екипи, а Катар ќе биде една од шесте репрезтации кои ќе добијат повик од Јужноамериканската фудбалска конфедерација да гостуваат на турнирот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се очекува фудбалската федерација на Катар наскоро да го потврди учеството на турнирот кој ќе се одржи од 14 јуни до 7 јучи 2019 година.

И додека учеството на репрезентациите на САД и Мексико не е новост, бидејќи тие селекции играа и претходно на континенталниот собир на Јужна Америка иако географски не припаѓаат. Повикот на Катар без сомневање стигна како плод на идејата оваа селекција да се разигра на големите турнири и во што подобра форма да го дочека Мундијалот на кој ќе биде домаќин во 2022.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …