Инвестициската група од Катар позади која стои шеикот Бин Хамад Ал Тани во среда ќе ја испрати втората понуда за Манчестер Јунајтед, пренесува „Скај Спорт“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според изворот двете страни поминале многу позитивни разговори минатиот четврток и кандидатите од Катар се убедени дека наскоро ќе постигнат договор со семејството Глејзер.
Глејзер го проценува клубот на 6 милијарди фунти, но никој од кандидатите не стигна до таа сума со понудите. Меѓутоа, позицијата на Катарците се променила после средбата со раководството од „Олд Трафорд“.
Џим Ритклф, кој е другиот кандидат за купување на клубот, исто така ќе испрати нова понуда, но тоа ќе се случи следната недела. Британскиот милијардер исто така имаше разговор со раководството на клубот цели 6 часа.