Дома Фудбал Репрезентации Катарските медиуми „удрија“ по фудбалерите: Кошмарен почеток!

Катарските медиуми „удрија“ по фудбалерите: Кошмарен почеток!

На насловните страни во Катар денес се најде неуспехот на репрезентацијата на стартот на Мундијалот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Поразот од Еквадор медиумите го оценија како кошмарен почеток за домашната селекција, а разочарувањето беше очигледно кога навивачите го напуштаа стадионот пред завршувањето на натпреварот.

Арапскиот „Ал Раџа“ излезе со насловна страна „Тие се сопмнаа“, истакнувајќи дека фудбалерите биле далеку под нивото од кое очекувала јавноста.

Весникот „Ал Ватан“ изрази жалење за „цената на билетите во однос на слабоста на тимот, но ја спомена и големата одговорност и притисокот врз играчите.

Катарскиот дневен весник на англиски „Трибјун“ јавува и за „кошмарен почеток“ за репрезентацијата и за нервозата на голманот Саад ал-Шиб.

„Задачата ќе биде тешка за Катар, но начинот на кој тимот загуби од Еквадор беше доволен да ги разочара локалните навивачи“, изјави денеска „Голф Тајмс“.

Во второто коло на 25 ноември Катар ќе игра против Сенегал, а Еквадор против Холандија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…