Дома Фудбал Англија Каталонците ги исплашија „ѓаволите“: Погледнете каков договор добива Херера!

Каталонците ги исплашија „ѓаволите“: Погледнете каков договор добива Херера!

Шпанскиот фудбалер Андер Херера би можел да стане еден од најплатените фудбалери на Манчестер Јунајтед од наредната сезона.

Договорот на Херера истекува наредното лето, а интерес за неговите услуги покажа Барселона. Токму интересот од Барселона веројатно е главната причина поради која Манчестер Јунајтед спрема нов договор за одличниот фудбалер.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Имено, Херера би требало да потпише нов договор според кој би заработувал 200.000 фунти неделно, плус бонуси. Значи, тоа би го направило еден од најплатените фудбалери на клубот и сигурно дека би било доволно за тој да остане на „Олд Трафорд“.

Да потсетие, тој минатата сезона одигра 31 натпревар, постигна еден погодок и запиша шест асистенции. Херера во Јунајтед пристигна во летото 2014 година од Атлетик Билбао за 36 милиони евра.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим зна…