Дома Трансфер зона Каталонците тврдат: Можна е нова размена помеѓу Барселона и Јувентус

Каталонците тврдат: Можна е нова размена помеѓу Барселона и Јувентус

Како што обајвија каталонските медиуми Јувентус и Барселона работат на размена на играчи, а најголемо изненадување е што во таа размена се споменува враќање на Миралем Пјаниќ во Јувентус.

Каталонското радио „РАЦ1“ тврди дека пред неколку недели клубовите ги направиле првите разговори на оваа тема. Во тие разговори било договорено преговорите да продолжат по завршувањето на сезоната.
Во рамзената за која се пишува Пјаниќ би се вратил во Јувентус, а Родриго Бентакур бил бил испратен во Каталонија.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Пјаниќ во Јувентус играше од 2016 до 2020 година кога во размена со Артур се пресели во Каталонија. Сепак, овој негов потег се покажа како грешка затоа што во Барселона не се наигра многу.

Бентакур од друга страна е стандарден во Јувентус, меѓутоа често пати е мета на критики на навивачите поради лошите настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Изненадување од Островот: Манчестер Сити го продава Едерсон?!

Голманот на Манчестер Сити, Бразилецот Едерсон би можел на крајот на актуелната сезона да …