Aнглискиот фудбалски сојуз отвори истрага против фудбалерот на Тотенхем, Родриго Бентакур бидејќи на расна основа го навредил соиграчот Сон Хеунг Мин.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во разговор за уругвајската телевизија, водителот на „Канал 10“ го праша уругвајскиот репрезентативец за дрес од играчот на Спарс, па доби одговор: Дресот на Сон? Би можел да биде и роднина на Сон, сите изгледаат исто“, изјави Бентакур.
Бентакур подоцна се извини на Инстаграм истакнувајќи дека тоа било „лоша шега“. ФА порача дека 27-годишниот фудбалер е обвинет за кршење на правилото за недолично однесување во интервју за медиумите.
„Би-Би-Си“ додаде и дека Бентакур има рок до четвртокот да одговори на обвинението. Истовремено организација која се бори против дискриминацијата објави дека добила голем број на пораки поради изјавата на Уругваецот.