Дома Топ вести Каталонија вришти, Барса лута на судиите: Еве колку бода би биле пред Реал!

Каталонија вришти, Барса лута на судиите: Еве колку бода би биле пред Реал!

Во Барселона не престануваат критиките на сметка на судиската организација која ја обвинуваат дека го поддржува Реал Мадрид, особено после контроверзната одлука на судијата против Бетис, која само ја прели чашата.

Каталонсите медиуми само дотураат масло на огнот и не престануваат со обвинувањата на сметка на судската организација и отворено ја обвинуваат дека го поддржуваат Реал за конечно да го освои првенството.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Судиите на удар, се замеша и ФИФА
„Каталонски Спорт“ уште минатата недела таксативно ги наброи сите важни судиски грешки во корист на Реал оваа сезона и стигна до бројката 32. Притоа весникот тврди дека доколку судиите носеле исправни одлуку само кај кардиналните грешки, тогаш Барселона би имала 6 бода повеќе, а Реал Мадрид седум помалку, што значи дека Каталонците ќе имаа 49 бода, а „кралевите“ само 39, со натпревар помалку.

Дека ситуацијата не е ни малку наивна зборува и фактот дека и ФИФА се заинтересирала за овој случај. Претседателот на судиската комисија на ФИФА, Пјер Луиџи Колина наводно побарал средба со првиот човек на Шпанскиот фудбалски сојуз, Ангел Марија Вилјар за да разговараат околу целата ситуација.

Играчите на Барса се лути на раководството
Жерард Пике овој пат не коментираше ништо јавно, откако беше изложен на бројни критики кога јавно го нападна челникот на Примера, Хавиер Тебас после натпреварот со Виљареал.

Луис Енрике исто така не коментираше ништо на пресконферецијата, па очигледно е дека соблекувалната на Барса ја променила тактиката. Играчите и тренерот не сакаат додатни проблеми и суспензии, но очигледно се разочарани од млаката реација на раководството.

Се шпекулира дека играчите на Барселона мислат дека не се доволно заштитени од страна на водството на клубот. Тие сметаат дека челниците треба јасно и гласно да реагираат и да ги заштитат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Би биле фаворити за освојување: Тимот составен од играчи кои нема да играат на ЕП изгледа одлично!

Ерлинг Холанд и Мартин Одегард го предводат идеалниот тим составен од фудбалери од европск…