Легендарниот шпански голман Икер Касиљас на крајот на сезоната ќе го напушти Порто, но готово сигурно ќе остане во Европа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Португалскиот весник „А Бола“ пренесува дека Касиљас би можел да се врати во Примера, бидејќи сериозен интерес за него покажува Бетис.
Шпанскиот клуб му нуди договор на 36-годишниот голман, кој е легенда на Реал Мадрид, но Касиљас има понуди и од МЛС лигата.
Раководството на Порто потврди дека Касиљас на крајот на сезоната ќе биде слободен играч бидејќи клубот нема да му понуди нов договор.
Шпанските медиуми тврдат дека Касиљас има намера да остане во Европа, па поради тоа големи се шансите да ја прифати понудата на Бетис.