Антонио Касано одлучи да го критикува Кристијано Роналдо дека е себичен откако Португалецот даде интервју за Пирс Морган.
Овие денови се објавуваат исечоци од интервјуто на Роналдо кај Пирс Морган, најголеми внимание привлече делот во кој отворено зборува против Ерик Тен Хаг. Вечерва треба да излезе првиот дел од интервјуто кое има два дела.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Роналдо едноставно нема храброст да признае дека не е истиот играч во последните три години. Оваа година мораше да оди во Спортинг и по Светското првенство да се пензионира. Тој е проблем за тренерите. Не покажа почит со тоа што не му се јави на Бензема да му честита за освојувањето на Златната топка“, рече Касано и додаде:
„За мене е слепец кој мисли дека може да игра до 50 години. Драг Роналдо, ќе ти кажам едно, Заврши се на голем начин по Светското првенство. Се уште мисли дека може да игра на високо ниво и има ужасно его, но тој не е како Меси. Сега уште еднаш потврди дека самиот себе си е најважен“, заклучи Касано.
Во јавноста засега се зборува за тоа дали Роналдо ќе има место во првиот состав на Португалија, со оглед на ситуацијата во Манчестер Јунајтед тоа не му е загарантирано.