Дома Фудбал Останато Касано: Тогаш сфатив дека Роналдо е фудбалски бог, а потоа се појави Меси

Касано: Тогаш сфатив дека Роналдо е фудбалски бог, а потоа се појави Меси

Aнтонио Касано нема дилеми кој е најголем фудбалер на сите времиња. За славниот Италијанецот тоа е Лионел Меси.

Касано го пофали и Марадона, но сепак го истакна Меси како најголем.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Марадона правеше работи кои никој не ги видел до тогаш, но тоа го правеше само четири или пет години. Меси истите работи ги прави 15 години. Постигна 710 голови и 300 асистенции. Кога тој е на теренот тимот веќе води 1:0“, изјави Касано.

Зборуваше Касано и за Роналдо (Бразилецот).

„Се сеќавам дека во еден натпревар губевме 0:1. Целиот стадион ни свиреше, најмногу на Роналдо. На полувремето тренерот сакаше да го извади од игра и да го стави Ван Нистерлој. Но, Роналдо го запре и му рече: „Немој, замениме ако за 15 минути не постигнам два гола“. Поминаа 15 минути ние водевме 2:0. Треба да ли да кажам кој ги даде двата гола? Си реков себе си тогаш ако фудбалски бог постоа, тогаш тоа е Роналдо. Подоцна открив дека Меси е над него“, заклучи Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Германец го менува Тен Хаг на „Олд Трафорд“

Тен  Хаг најверојатно на крајот на сезоната ќе го напушти кормилото на Манчестер…