Дома Македонски спорт Мак баскет Карпош Соколи губитнички ги завршија настапите во АБА

Карпош Соколи губитнички ги завршија настапите во АБА

Екипата на Карпош Соколи е поразена од Мега Лекс вчера вечер во последниот свој настап во дебитанската сезона во регионалната кошаркарска АБА лига.

Домаќините забележаа победа со 82:69, иако македонскиот претставник на полувреме водеше со 42:40, а во 27.минута со 60:53. Клучна за конечниот исход беше разликата од 20:9 што Мега ја направи во последниот период.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Соколи АБА лигата ја завршуваат со 10 победи и 16 порази во вториот дел на табелата, додека Мега има ефект 11-15 и ќе биде на шестата позиција.

Двојките за другите натпревари од последното 26.коло се:

Игокеа – Партизан,
Цедевита – ФМП,
Крка – Цибона,
Задар – Олимпија,
МЗТ Скопје Аеродром – Морнар и
Црвена звезда – Будуќност.

Во плеј-офот ќе играат Црвена звезда, Цедевита, Партизан и Будуќност, а за опстанок се борат Крка и Задар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…