Дома Фудбал Карлос Тевез се повредил играјќи фудбал во затвор!?

Карлос Тевез се повредил играјќи фудбал во затвор!?

Карлос Тевез веќе три недели е надвор од теренот, а некои медиуми во Аргентина тврдат дека се повредил играјќи фудбал во затвор!

Медиумот „Кларин“ пишува дека дека Тевез го посетил братот Хуан Алберто Мартинез кој служи казна затвор од 16 години за вооружен грабеж, односно напад на блиндиран воз.

Според информациите, Тевез не одолеал на една партија фудбал со неговиот брат и останатите затвореници.

Натпреварот на импровизираното игралиште како што се наведува траел 20 минути, било навистина интезивно и борбено, а заработил Тевез повреда и поради тоа ќе мора да паузира дваесетина дена.

Можеби да е некој друг фудбалер во прашање ова би било нешто сензационално, но за човек како Карлос Тевез кој прескокнувал мртви тела во својот опасен кварт од детството и не е изгледа така невозможно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Битка за одлепување во Хрватска: Славен и Истра израмнети пред дуелот

Славен Белупо и Истра 1961 го отвораат 12. коло со по 13 бода. Домаќинот доаѓа по победа н…