Голем дел од неговите сонародници веројатно нема да се сложат, посебно по вчерашната победа против Германија.
Роберто Карлос изненади многу негови сонародници кога во прашање е проценката на шансите на Бразил на Мундијалот кој ова лето ќе се одржи во Русија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Иако многумина во Бразил гледаат како на еден од првите фаворити за титулата, легендарниот фудбалер својата селекција ја смести на четвртата позиција.
„Бразил не е прв фаворит. Можат да постигнат гол против секого, но според мене поголеми шанси имаат репрезентациите на Германија, Шпанија и Франција. Бразил е четврти, ќе мора да ја искористиме секоја шанса која ќе ни се укаже. Мора да ни биде јасно дека во овој момент не сме најдобри“, изјави Карлос.
Поранешниот бек на Реал Мадрид потоа беше запрашан за селекцијата на Аргентина.
„Тие не се помеѓу фаворитите, со Меси или без него“, сигурен беше Бразилецот.