Дома Македонски спорт Каратистката Симона Заборска со златен медал на Балканското првенство

Каратистката Симона Заборска со златен медал на Балканското првенство

Викендов во Истанбул се додржа 14-то Балканско првенство за сениори-ки, во дисциплините борби и кати во поединечна и екипна конкуренција. Каратистките на Макпетрол успеаја да освојат две медали еден златен и еден бронзен.

Македонската репрезентативка Симона Заборска успеа да го освои златниот медал на ова балканско првенство во категоријата -55 кг.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Патот до медалот во елиминацискиот дел беше со постигнати три победи и тоа над: Анџела Солдо (БиХ) 3-1, Дугче Демиш (Турција) 2-1 и Јована Георгиева (Македонија) 2-1. Во Финалната борба Симона Заборска не дозволи никакво изненадување и со победа од 5:1 против Ана Драшковиќ (Црна Гора) го освои златниот медал и стана балканска шампионка.

Феноменалниот резултат на Заборска беше надополнет и со одличен настап на Наташа Стефановска, која пак го освои бронзениот медал. Наташа полуфиналната борба ја загуби со минимален резултат 0-1, и потоа во репасажната борба за медал успеа да ја победи повеќекратната европска медалистка Јелена Максимович (Црна Гора), и го освои бронзениот медал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар се засили со дефанзивецот Пинтер

Вардар започна со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот мак…