Дома Македонски спорт Единството во каратето во светот на највисоко можно ниво

Единството во каратето во светот на највисоко можно ниво

Унитарноста на каратето се потврди на најдобар можен начин, откако изминативе неколку дена беше организирана тридневна видео конференцијата на претседателот на Светската карате федерација (WKF) Антонио Еспинос со претседателите на националните карате федерации од членки од целиот свет. Во услови на глобална криза и откажување на сите натпреварувања во спортот предизвикани од пандемијата од корона вирусот, пред се Олимписките игри во Токио кои се пролонгирани за 2021 година и сите настани на континентално и светско ниво, се наметна потреба од ваква комуникација, на која претседателот Еспинос ги насочи дискусиите со цел да се анализира сегашната состојба на каратето во светот и неговите перспективи.

На последниот од состаноците со членките на WKF од Европа учествуваа 24 национални федерации од европски земји, меѓу кои и Карате федерацијата на Македонија. На врвот на приоритетите на агендата беа можностите за развој на каратето во Европа и последиците од влијанието на пандемијата на коронавирус. Во разговорите беше потенцирано единството на каратето и соработката на сите чинители, како и силата на сите кои го сочинуваат големото семејство во каратето во 200 земји во светот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во центарот на дискусиите беа последиците од кризата од COVID-19 во каратето и претстојниот календар на натпревари до крајот на тековната и за 2021 година, кој ќе биде модифициран според условите и можностите за негова реализација. Сите активности се во најнепосредна координација со Меѓународниот олимписки комитет (IOC), со кој Светската карате федерација има одлична соработка. Во топ приоритетите најважни се Олимписките игри во Токио, кои се одложени за 2021 година, потоа квалификациите за обезбедување норма за Токио, европското првенство во Гетеборг и Премиер лигата во Рабат следната година. Поради Олимписките игри во Токио и пандемијата, календарот во 2021 година ќе биде редуциран од претходно зацртаниот, а настаните и термините ќе бидат дополнително утврдени, согласно условите и можностите за нивно организирање. По Олимпијадата во Токио, на крајот на октомври во Дубаи ќе се одржи светското првенство, кое првично требаше да се одржи кон крајот на годинава.   
Меѓу заклучоците на конференцијата е дека во услови кога сме оневзможени да се натпреваруваме, приоритет во моментов е афирмацијата на карате како здрав спорт и неопходен за одржување на балансот на духот и телото. Тоа пред се е изводливо преку социјалните мрежи и веб страниците на WKF и на националните федерации, со акцент на што поголема застапеност на спортистите и нивните активности, кои во услови на изолација им даваат пример на сите спортисти, а со своите пораки се мотивација за целокупната популација насекаде во светот.

„Состаноците преку видео конференција што ги имавме во текот на изминатите три дена беа многу плодни и многу помогнаа да нè соберат и уште повеќе да не обединат во услови на глобалната криза. Имавме можност од прва рака да дознаеме за состојбата на нашиот спорт ширум светот и сакам да им се заблагодарам на сите делегати кои присуствуваа на видео состаноците, за нивната соработка, како и за нивните повратни информации. Можеме да потврдиме дека карате светот е обединет околу истите вредности и цели. Кога работиме заедно, секогаш можеме да постигнеме уште повеќе успеси”, истакна претседателот на WKF, Антонио Еспинос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар се засили со дефанзивецот Пинтер

Вардар започна со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот мак…