Карате федерацијата на Македонија имаше прием во Агенцијата за млади и спорт по настапот на 47. Европско првенство за кадети, јуниори и У21 во Будимпешта.
„Нашите каратисти не претставија на највисоко ниво. Освоивме два бронзени медали, две петти и две седми места. Имавме одличен настап. Тоа покажува дека и понатаму продолжуваме да имаме сериозен континуитет на големи натпреварувања. Каратето останува еден од најуспешните спортови во нашата држава“, изјаву директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тој вети и понатаму поддршка за македонските репрезентативци кои остваруваат значајни резултати на меѓународна сцена. Селекторот на кадетско-јуниорската репрезентација Александар Кузмановски е задоволен од тоа што неговите избраници го покажаа на ЕП.
„Испишавме уште една историја во македонското карате и воопшто во македонскиот спорт. Каратистите достојно ги бранеа боите на нашата држава на ова ЕП. Освоените медали покажуваат дека имавме одличен настап“, изјави Кузмановски.