Дома Македонски спорт Каратистите на Макпетрол со две сребра и бронза на турнир во Хрватска

Каратистите на Макпетрол со две сребра и бронза на турнир во Хрватска

На еден од најсилните европски турнири во карате, што викендов се одржа во Самобор, Хрватска, каратистите на Макпетрол освоија сребрени и бронзени медали.

Најдобриот Македонски млад спортист за 2017 г. репрезентативецот Петар Заборски, во категоријата до 75 кг, постари јуниори У21, го освои сребрениот медал на меѓународниот турнир „Кроација Гранд При“ 2018. Тој до медалот стигна со четири последователни победи и еден пораз на судиско изјаснување при резултат во регуларниот дел од натпреварот 0-0.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската репрезентативка Моника Пендаровска исто така освои сребрен медал во категоријата до 55 кг, постари јуниорки У21, додека нашата репрезентативка Ангела Мојсовска го освои бронзениот медал во категоријата до 68 кг, постари јуниорки У21.

„Ова беше многу силен натпревар и претставуваше последна контрола пред европското првенство што треба да се одржи во првата недела на месец Фебруари во Сочи, Русија. На турнирот се натпреваруваа државни репрезентации и каратисти од 23 европски држави кои дојдоа во Самобор со цел контрола на подготвеноста пред европското првенство. Нашите најдобри млади каратист Петар Заборски, Моника Пендаровска и Анѓела Мојсовска на овој турнир покажаа добра подготвеност и голема зрелост. Тие имаа по пет борби и при тоа ги согледавме елементите што треба да ги корегираме со цел да бидат, исто така успешни на претстојното европско првенство. Поради сето тоа, јас сум многу задоволен од нивниот настап. Сега останува во следниве 20-тина дена, да ја подигнеме формата кај сите наши спортисти и да ги испратиме максимално подготвени на европското првенсто во Русија“, изјави тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…