Дома Фудбал Англија „Карамелите“ најдоа решение: Ова е новиот предводник на тимот од Ливерпул?!

„Карамелите“ најдоа решение: Ова е новиот предводник на тимот од Ливерпул?!

Евертон го отпушти Роналд Куман по серијата лоши резултати, која го доведе клубот на позиција која води во втората лига.

Некогашниот фудбалер на клубот, Дејвид Ансворт, е поставен за вршител на должноста, но јасно е дека тој нема да се задржи на клупата на тимот од „Гудисон Парк“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претходно се споменуваа Шон Дајч од Барнли и Марко Силва од Вотфорд, но обајцата изјавија дека немаат намера да ги напуштат своите екипи, а Евертон се чини се насочи кон стратегот Сем Алардајс.

Бившиот селектор на „Гордиот Албион“ и тренер на бројни екипи во Премиер лигата, моментално е без ангажман, откако го напушти Кристал Палас минатото лето.

Популарниот Биг Сем, за кратко време ги препороди „Орлите“ од Лондон, го остави тимот во лигата, но на крајот одлучи да го напушти клубот.

Тој неодамна е поврзуван со клупата на репрезентацијата на Шкотска, но нема сомнеж дека понудата од Премиер лигата би можела да го предомисли, особено од вака богат и амбициозен клуб каков што е Евертон.

Сопственикот на „Карамелите“, Фарад Мошири објави дека разговарал со Алардајс, но исходот се уште е непознат.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …