Дома Фудбал Англија Карагер удри жестоко по „топчиите“: Арсенал е се повеќе лош!

Карагер удри жестоко по „топчиите“: Арсенал е се повеќе лош!

Легендарниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер пред телевизиските камери продолжи со критичките коментари.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Да потсетиме, претходно тој ги критикуваше Ливерпул, Марио Балотели и Жозе Мурињо, сега на ред дојде Арсенал.

„Одсекогаш ми бил сомнителен менталитетот на Арсенач. Меѓутоа сега се сомневам и во квалитетот на фудбалерите на Арсенал. Сигурен сум дека не се доволно добори. Впрочем, се повеќе и повеќе се лоши“, порача Џејми Карагер во емисијата на „Скај“ „Monday Night Football“.

Во продолжение продолжи со критиките за лондонскиот тим.

„Минатата сезона ги нареков фудбалерите на Арсенал кукавици. Можеби претерав, но внимателно погледнете како играат на гостувањата. На гости тие освоија 26 бодови на 26 гостувања. Срамно е единствениот збор за описот на Арсенал, тоа е клуб кој треба да биде еден од најдобрите во земјата“, изјави Карагер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА ја блокираше продажбата на билети за шест натпревари на СП 2026

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги отстрани билетите за Светското првенство за н…