Вчерашниот дебакл на Челзи против Манчестер Сити од 6:0 донесе голем број ракции на Островот, дури се поставуваше и прашањето за иднината на Маурицио Сари.
Легендарниот фудбалер на Ливерпул кој има улога на стручен коментатор, не ги поштеди „сините“ од критики, но и ги спореди со Арсенал на Арсен Венгер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За Карагер без дилеми ова е најлошиот натпревар на Челзи оваа срзона.
„Сигурен сум дека ова е најлошото издание на Челзи оваа сезона. Сари во клубот е половина сезона, но можам да кажам дека веќе го претвори Челзи во Арсенал“, потоа го објасни своето мислење.
„Арсенал губеше на гостувањата во последните седум осум години затоа што беше слаб, нешто не можевме да го кажеме за Челзи до оваа сезона. Првиот погодок дојде после една криминална грешка на Алонсо, не смееше да биде опуштен на почеток на еден така голем натпреварот. Во продолжение воопшто не се врати и како со мислите да не беше на теренот“, смета Карагер.