Реал Мадрид вчера го победи Ливерпул со 2:5 на „Енфилд“ и сега има сериозна предност пред реваншот кој ќе го игра на свој терен. Внимание по натпреварот привлече и клупската легенда на „црвените“, Џејми Карагер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пред натпреварот Карагер потенцираше дека Реал имал многу среќа минатата сезона кога стана европски шампион.
„Реал Мадрид минатата година беше најсреќниот тим во Лигата на шампионите“, изјави Карагер.
Сепак, по натпреварот зборуваше поинаку и имаше само големи пофалби за тимот на Карло Анчелоти.
„Не се чувствувам најдобро, одлична игра на Реал. Никогаш не сум видел еден тим да дојде на „Енфилд“ и така да го уништи Ливерпул во европски натпревар. Ова беше засрамувачки“, изјави поранешниот дефанзивец.