Дома Фудбал Англија Карагер: Никој не го сака Роналдо, ниту друите клубови, ниту Тен Хаг

Карагер: Никој не го сака Роналдо, ниту друите клубови, ниту Тен Хаг

Роналдо ги пропушти подготовките на Манчестер Јунајтед поради обидите да си замине од клубот, но како што сега стојат работите тој ќе остане затоа што не пронајде адекватна понуда.

Одигра Роналдо едно полвуреме против Рајо Ваљекано и не се прослави, беше најслаб на теренот, а Тен Хаг го замени на полувреме. Португалецот потоа одлучи да си замине од натпреварот пред крајот на мечот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џејми Карагер сега истакна дека за него оваа ситуација во која дојде Роналдо не е изненадување.

„За мене од почетокот Роналдо беше бизарно засилување. Очекував да дојде до ваква ситуација, дури и кога играше одлично за Јунајтед. Потпиша двегодишен договор со опција за продолжување на уште една, но никогаш не верував дека ќе ја одигра втората сезона. Добро знаеме каков фудбалер е тој, но во тие години не е истиот играч. Неговата кариера трае толку долго само затоа што е професионалец“

„Сепак тоа што тој наполни 37,38 години оваа сезона ги менува работите. Одличен голгетер, меѓутоа не е истиот играч. Во овој момент не го сака ниту Тен Хаг, а и ниту еден клуб во Европа. Можеби сум грешка, но мислам дека е така“, изјави Карагер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФК Вардар: Историјата ќе памети кој не избрка од Градски!

Oд редовите на Вардар денеска преку социјалните мрежи ја информираа јавноста дека клубот д…