Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола и легендата на Ливерпул Џејми Карагер се во жестока војна преку медиумите.
По третото последователно реми (3:3) меѓу Сити и Тотенхем, аналитичарите на „Скај Спортс“ Џејми Карагер, Гери Невил и Мика Ричардс заклучија дека „граѓаните“ тешко ќе ја освојат четвртата последователна титула.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кога сетоа ова стигна до Гвардиола, шпанскиот стратег им одговори дека тие ќе ја освојат титулата и ќе го направат тоа што не му успеало на никој – да бидат шампиони четири пати во низа.
„Тие самите знаат колку е тешко. Или подобро кажано, невозможно, бидејќи никогаш не се случило. Невил не успеа иако играше за најсилниот Манчестер Јунајтед. Мика Ричардс ја освои титулата во Сити, но секако не четири пати по ред“, истакна Карагер.