Легендата на англискиот фудбал, Џејми Карагер истакна дека Манчестер Јунајтед треба хитно да се ослободи од Кристиано Роналдо.
Вчера Роналдо во интервју изјави дека се чуствува изневерен од Манчестер Јунајтед и нема почит кон тренерот Тен Хаг.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Мислам дека треба веднаш да го раскинат договорот. Во моментов Јунајтед се обидува да изгради тим и трофеите во Премиер лигата и ЛШ изгледаат далеку. Ќе бидат спремни за тоа после две или три години и Роналдо секако нема да биде дел од тимот. После ова интервју нема враќање назад. Ако некој каже дека не го почитува менаџерот, како ќе се појави на тренинг после Мундијалот? Не гледам како. На Јунајтед не му требаат вакви непријатности треба хитно да се ослободи од Роналдо“, изјави Карагер.