Дома Фудбал Англија Карагер знае кој дефанзивец Ливерпул треба да го купи: Мора да реагираат во јануари

Карагер знае кој дефанзивец Ливерпул треба да го купи: Мора да реагираат во јануари

Поранешниот капитен на Ливерпул Џејми Карагер го советува клубот во јануари да не штеди пари и да купи дефанзивец за да го надополни отсуството на Вирџил Ван Дајк.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Холанѓанецот доживеа тешка повреда на коленото во саботата против Евертон и според првите проценки после операцијата ќе го чека 7-8 месеци рехабилитација што значи дека ќе го пропушти поголемиот дел од сезоната, ако не и цела сезона.

Тоа значи дека Ливерпул мора под итно да размисли за нов централен дефанзивец, така смета и Карагер.

„Следното големо засилување за Ливерпул секако дека треба да биде стопер. Зборував дека треба да купат стопер на лето, а сега кажувам дека мораат да го доведат во јануари. Дејан Ловрен замина и не го заменија, така останаа само три централни дефанзивеци. Сега тешко се повреди Ван Дајк и останаа само двајца, еден од нив е само Жоел Матип, секогаш е повреден. Сега под знак прашалник е и Џо Гомез. Значи нема сомневање дека мораат да купат еден голем играч за таа позиција. Дајот Упамекано од Лајпциг би можел да биде идеален“, изјави Карагер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јаја Туре стана тренер во Словачка!

ЈАЈА ТУРЕ е новиот тренер на Слован Братислава. Овој поранешен фудбалски ас (43) потпиша т…