Капитенот на Шахтјор, Дарио Срна откри дека неговиот соиграч Фред кариерата ќе ја продолжи во Манчестер, но се уште се знае во кој клуб.
Откако Шахтјор синоќа ја освои титулата во Купот, Срна во живо на Инстаграм откри дека Фред се сели во Манчестер, но не откри во кој клуб.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Фред сега се сели во Манчестер. Набрзо ќе дознаете дали во Сити или во Јунајтед“, изјави Срна.
Фред е голема желба како на Мурињо така и на Гвардиола и неговата цена изнесува 50 милиони евра.
„Граѓаните“ први покажаа интерес за бразилскиот играч за врска, а потоа во трката за неговиот потпис се приклучија и „црвените ѓаволи“.
Повеќе не е тајна дека од следната сезона ќе игра во Манчестер, останува само да видиме дали во црвен или во син дрес.
Welcome to Manchester United, Fred #MUFC ??? pic.twitter.com/d67yzDjJpE
— MSP2 (@MSPMSPMSP12345) May 10, 2018