Капитенот на Милан, Алисио Ромањоли учествувал во собраќајна несреќа во која две лица завршиле во болница.
Според пишувањето на „Ил Темпо“ медиум со седиште во Рим несреќата се случила во понеделникот на излезот од Рим.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ромањоли одел во поста на своето семејство кога изгубил контрола над возилот и со својот Смарт при голема брзина удрил во автомобилот кој доаѓал од другата страна.
Од силината на ударот неговиот автомобил удрил во бетонската ограда покрај улицата. Ромањоли и засега непознатиот совозач завршиле во болница каде што им била укажана лекарска помош. Според информациите се здобиле со неколку исекотини и потрес на мозокот.