Дома Фудбал Репрезентации Капитенот на Бугарија во целиот хаос во Софија направи потег за сите пофалби (ФОТО)

Капитенот на Бугарија во целиот хаос во Софија направи потег за сите пофалби (ФОТО)

Натпреварот од квалификациите помеѓу Бугарија и Англија се претвори во вистински хаос.

Бугарските навивачи испраќаа расистички навреди и нацистички салутираа поради што натпреварот на два пати беше прекинат.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалска Европа е шокирана од она што се случуваше во Софија.

Сепак, во целиот тој хаос се истакна капитенот на Бугарија кој направи потег за секоја пофалба.

Ивелин Попов собра храброст да се спротистави на навивачите и од нив на полувремето бараше да престанат со таквите работи.

Потегот на Попов го забележа и го пофали напаѓачот на Англија и Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд.

„Навистина не беше лесно да се игра во едни такви услови. Вакви работи не смеат да се случуваат во 2019 година. Среќен сум што победивме. После натпреварот видов што направил капитенот на Бугарија и тоа е за секоја пофалба. Треба да имаш голема храброст за сам да се спротиставиш на толкава топла луѓе“, изјави Рашфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Први реакции од Албанија: Србија не требаше да биде во наша група, нема мир помеѓу Србите и Албанците!

Селекторот на албанската фудбалска репрезентација, Силвињо, го коментираше извлекувањето з…