Вчера вистински хаос се случуваше во Софија каде што Англија и гостуваше на Бугарија во рамките од квалификациите за ЕП.
Англија ја победи Бугарија со 0:6, но резултатот е нешто што остана во втор план на оваа средба. Натпреварот на два пати беше прекинувам поради скандалозни расистички навреди од трибините.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Англичаните беа навредувани и во Црна Гора, а сега натпреварот два пати го прекинуваа.
Сликите од тоа како бугарските навивачи нацистички салутираат брзо се раширија низ светот, а фудбалска Европа е згрозена од тоа колку во Бугарија се величи расизмот и нацизмот.
На крајот се случил и скандал на прес-конференцијата после натпреварот. Еден новинар го прашал Саудгејт за навредите, а потоа и му порачал дека тоа не било толку страшно за да го прекинуваат натпреварот. Селекторот Саудгејт не можел да си поверува што слуша, но успеал да остане смирен.
"But we don't have this problem (Racism) in Bulgaria, I can assure you of that." – Bulgarian Head Coach Krasimir Balakov. Bulgarian Fans: pic.twitter.com/fjABSDTztN
— Charlie Gaisford (@charliegaisford) October 14, 2019