Капитенот сака да имаме „јасна слика“ на можностите пред почетокот на европските квалификации
Ждрепката на групите, оние четири во европската зона на ФИБА, во кои беа распределени 16. национални тимови, посака нашите најдобри кошаркари да бидат „сместени“ во друштво на селекции како Израел, Чешка, и домаќинот на турнирот кој ќе се игра во Талин – Естонија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
А капитенот на „црвено-жолтите“ Војдан Стојановски смета дека групата „А“ е конкурентна, дури и ја оценува како добра.
Го објаснува Војдан на доста едноставен начин:
„Сметам дека групата која ја добивме е добра. Кога велам добра, мослам од причина што носи реален квалитет, и можност да бидиме каде сме, односно каде ќе бидеме во тој момент. Ќе биде одлична можност за проверка на нашите квалитети во еден повисок квалитативен ранг од оној што го го игравме во изминатите претквалификации за Евробаскетот.
Пред нас се три доста квалитетни селекции. Естонија е домаќин на турнирот, а тоа значи дека штом испратиле пријава за организација, имаат високи амбиции. Израел и Чешка се постојани учесници на Евробаскетот. Чесите беа и домаќини на една од групите на претходниот собир на најдобрите европски селекции“.
За него е доста поважно во каков состав ќе бидеме на турнирот кој од 12. до 15. август ќе се игра во главниот град на Естонија.
„Дали и колку ќе бидеме конкуренти, тоа зависи во каков состав ќе бидеме во Талин. Се надевам дека за разлика од последниот циклус од претквалификациите, ќе бидеме комплетни. Дека ќе можеме да сметаме и на некои играчи кои ги немавме на минатите натпревари, како Љубомир Младеновски. Се надевам дека ќе го имаме и Ненад Димитријевиќ, дека со нас ќе биде и Андреј Јакимовски. И најважно од се, е да нè послужи здравјето во периодот кој што следува“- додава Стојановски