Тимот на Пелистер одлучи да го задржи Димитар Капинковски на клупата за пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Капинковски на клупата беше назначен како привремено решение откако си замина Зоран Штерјовски. Под водство на Капинковски Пелистер освои максимални шест бода во последните две кола. Битолскиот тим славеше против Беласица и Шкендија.
Негова главна задача ќе биде да го спаси Пелистер од испаѓање и тоа нема да биде лесно затоа што клубот е 10-ти со 18 освоени бодови.
Фото: ФК Пелистер