Дома Фудбал Италија Кандрева повторно се „прослави“: Промаши празен гол и запиша асистенција (ВИДЕО)

Кандрева повторно се „прослави“: Промаши празен гол и запиша асистенција (ВИДЕО)

candreva

Вчера Интер без поголеми проблеми се справи со тимот на Рапид Виена во реваншот на свој терен во рамките од 1/16 финалето во Лигата на Европа.

Интер после победата од 1:0 на гостински терен вчера со убедливи 4:0 беше подобар на свој терен и со вкупни 5:0 продолжи во следната фаза. За „покер“ во мрежата на Рапид се погрижија Весино, Ранокија, Перишиќ и Политано.


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Првиот погодок на италијанскиот клуб брзо стана хит на социјалните мрежи, а во центарот на вниманието беше Антонио Кандрева кој забележа едно неверојатно промашување. Од половина метар до мрежата на противникот Кандрева ја промаши топката и не погоди на празна мрежа, но за негова среќа Весино беше тука да ја поправи грешката која ја направи.

Меѓутоа тоа нема да му помогне на Кандрева кој оваа сезона според голем дел од навивачите на Интер не е на потребното ниво.

Се уште свежи се сеќавата на големото промашување на Кандрева во рамките од четврфиналето на купот на Италија.

Тогаш натпреварот беше решен после изведувањето на пенали. Во регуларниот дел беше 0:0, додека во продолженијата видовме по еден погодок на двете страни. Во пенал рултетот Лацио беше подобриот тим.

Антонио Кандрева во тој натпревар можеше да му донесе победа на Интер уште во регуларниот дел, меѓутоа се истакна со едно од најголемите промашувања во сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Секс скандал со фудбалерка – тренерот на Лестер доби отказ

Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внат…