Дома Македонски спорт Канатларовски: Со нетпрпение го очекуваме натпреварот со Франција

Канатларовски: Со нетпрпение го очекуваме натпреварот со Франција

Репрезентацијата на Македонија до 21 година вчера на тренинг центарот „Петар Милошевски” го одработи последниот официјален тренинг пред денешниот меч против моќната селекција на Франција во рамките на 6. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2023 во Романија и Грузија.

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Драги Канатларовски со нетрпение го очекува натпреварот, вели дека сите негови фудбалери се максимално подготвени и со нетрпение го очекуваат утрешниот мечот против триколорите.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Франција е апсолутен фаворит во оваа група, силна репрезентација која располага со голем фонд на играчи кои имаат голем потенцијал и настапуваат во најсилните лиги низ Европа. Првиот натпревар против нив таму го загубивме убедливо со 3:0, но на претходните четири натпревари успеавме да останеме непоразени. Се надеваме дека серијата без пораз ќе ја продолжиме и против Франција. Играме на домашен терен, пред домашна публика, сите со нетрпение го очекуваме овој натпревар. Момците имаат голема желба, подготвени сме и физички и психички за голема борба во сите 90. минути. Одработивме одлични подготовки, напредуваме од меч во меч, а тоа се виде и на дуелот со незгодната селекција на Украина. Оваа репрезентација е подготвена да се надигрува и натпреварува со секоја селекција“, изјави Канатларовски пред денешниот натпревар.

Натпреварот се игра на Арената со почеток од 18:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…