Дома Трансфер зона Канаваро смета дека на Наполи му е потребен само еден играч за да оди до крај во Лигата на шампионите

Канаваро смета дека на Наполи му е потребен само еден играч за да оди до крај во Лигата на шампионите

Легендарниот италијански стопер Фабио Канаваро верува дека Калид Кулибали и Костас Манолас можат Наполи да го одведат до титулата во Лигата на шампионите.

Канаваро својата кариера ја започна во Наполи, а подоцна играше за Парма, Интер, Јувентус, Реал Мадрид и на крај за Ал Ахли. Тој смета дека доаѓањето на Манолас би променило многу работи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ако Наполи сака да го зголеми својот квалитет тоа мора да го направи со Манолас. Комбинацијата од него и Кулибали би била неверојтна. Двајцата знаат како да се бранат длабоко или високо на теренот и кога напаѓачите трчаат кон нив. Одлични се и во ситуациите една на еден“.

„Со два такви играчи можете да си дозволите да поставите повеќе играчи понапред, а така би создале повеќе прилики за гол. Можеби не го делите моето мислење, но ако Наполи оформи таков тандем може да оди до крај во Лигата на шампионите“, изјави Канаваро за „Фудбал Италија“.

Поголемиот дел од јавноста навистина нема да се сложи со Канаваро, меѓутоа кога тоа го кажува стопер кој во својата кариера ја освоил „Златната топка“ тогаш тие зборови секако имаат тежина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…