Утре на програмата во Серија А е дербито помеѓу Јувентус и Наполи и ова е натпревар во кој двете екипи влегуваат со идентични шанси за пласман во топ 4 на крајот на сезоната.
Јувентус сезонава изгледа прерано ја изгуби борбата за Скудетото па сега тимот е насочен кон тоа да се избори место во Лигата на шампионите. И ако „старата дама“ продолжи со променливите настапи тоа сигурно нема да биде лесно.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пред дербито помеѓу Јувентус и Наполи се огласи Фабио Канаваро кој смета дека Јувентус не смее да си дозволи да го отпушти Пирло, без разлика на исходот.
„Страстите мораат да се смират. Кога веќе во Јувентус се одлучија да му дадат шанса на Пирло знаеа дека нема искуство. Нормнално е да му треба време да се навикне. До крајот на сезоната во игра се уште 30 поени, а како и да заврши сезоната Пирло сепак направи добри работи, внесе млади играч и според мене не му оди толку лошо. Направи и грешки, меѓутоа како што кажав кога Јувентус го доведе знаеше што прави и сега треба да му даде време. Ако се решат да го избркаат тоа значи дека попусто изгубиле една сезона“, смета Канаваро.