Дома Фудбал Останато Канаваро експресно заминува од позицијата која ја доби пред девет дена?

Канаваро експресно заминува од позицијата која ја доби пред девет дена?

canavaro

Пробниот период на Италијанецот помина прилично неуспешно.

Легендата на италијанскиот светскиот фудбал и освојувачот на Светското првенство со „Аѕурите“ гради тренерска кариера во Кина.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанецот го води кинескиот Гвангжу Евергранде, но на почетокот на неделата истовремено стана селектор на репрезентацијата на Кина.

Меѓутоа оваа соработка би можела експресно да заврши поради потфрлањето на одиграниот Куп на Кина.

Кинезите завршија на последното место во ова натпреварување со два минимални порази од страна на репрезентациите на Тајланд и Узбекистан.

„Федерацијата на Кина и понатаму не превземала конкретни чекори во врска со понатамошниот ангажман. Водењето на националниот тим е голем предизвик, но ако не можеме да пронајдеме решение кое би било добро и за клубот и за репрезентацијата јас ќе се вратам на тренирањето само на Евергранде“, изјави Канаваро за медиумите во оваа земја.

Инаку, Купот на Кина го освои репрезентацијата на Уругвај која во финалето со убедливи 4:0 беше подобра од Тајланд.

Канаваро тренерската кариера ја започна во Ал Ахли како асистент и таму се задржа една сезона (2013-2013), Гвангажу му даде шанса за самостојно да води клуб и во неговиот прв мандат во овој клуб остана само една сезона (2014-2015). Потоа имаше ангажмани во Ал Наср и Тијанџин Куанџин исто така со по една сезона за во 2017 година да се врати на клупата на Гвангжу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Класата е вечна: Ромарио е мајстор и на 58 години 🎥

Легендарниот бразилски фудбалер Ромарио се врати на тренинзите на 58 години, речиси две де…