Замена за Жарко Пешевски кој замина во Мотор Запорожје од Металург ќе биде Младен Ракчевиќ се зборува одамна. И клубот и играчот потврдија дека се блиску до договор и потоа целата приказна се загуби низ архивите на интернет медиумите.
Но за еден од македонските медиуми, Ракчевиќ призна
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Се е договорено, сега треба да договориме само уште кога ќе треба да дојдам“, изјави Ракчевиќ
Младен Ракчевиќ (36) во Македонија играше за Вардар од 2004 до 2009, а потоа од 2009 до 2013 го носеше дресот на Металург. Кога во „Автокоманда“ почнаа големите промени, замина накратко во АЕК, а потоа се скраси во романската Констанца каде што играше до сега.