Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Калчото има квалитет: Фудбалерите од Серија А постигнале најмногу голови на Еуро2020

Калчото има квалитет: Фудбалерите од Серија А постигнале најмногу голови на Еуро2020

Италија со победата против Англија во финалето на „Вембли“ стана Европски шампион, а според бројките кои се собираат по завршувањето на турнирот се покажува дека италијанското Калчо и тоа како има квалитет.

Години наназад Серија А е далеку од најдобрите денови, од Интер пред 11 години оваа земја нема европски клупски шампион. Меѓутоа на ова Евро пресметано е дека најмногу фудбалери постигнале играчи кои играат во Серија А (37).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На Евро 2020 паднаа вкупно 142 гола, 11 беа автоголови. Во процент играчите од Серија А постигнале 28.2%. Седум гола помалку имаат фудбалерите од Премиер лигата. Потоа Бундеслигата 28, па Ла Лига која има само девет стрелци, Лига 1 (Франција) седум, португалската три, по два имаат белгиската, холандската, руската, хрватската и англискиот Чемпионшип. По еден гол постигнаа фудбалери од турската, унгарската, шкотската, словачката, чешката, украинската и кинеската лига.

Треба да се спомене дека свој удел во головите за Серија А и Премиер лигата дадоа и македонските репрезентативци Горан Пандев и Езгјан Алиоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…