Дома Македонски спорт Калин Ивановски запрен во второто коло на турнирот во Јокохама

Калин Ивановски запрен во второто коло на турнирот во Јокохама

Македонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер 75 турнирот во Јокохама, Јапонија што се игра за награден фонд од 80.000 долари.

Тој утрово во осминафиналето загуби од шестиот носител Лука Нарди од Италија со 2-0 во сетови (62 64) за 1 час и 16 минути игра. За трите победи и учеството во квалификациите и во осминафиналето македонскиот тенисер ќе освои 11 поени, а тоа значи и напредување на ранг листата, која ќе биде објавен во понеделник.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ивановски во мечот имаше два брејка од пет можности, додека неговиот ривал направи пет брејка од девет шанси. Двајцата тенисери имаа по 3 двојни сервис грешки, додека Ивановски имаше 4 ас сервиси, а Нарди 3.

Мечот почна со брејк на Нарди и водство од 1:0, а во четвртиот гем од првиот сет Ивановски изедначи на 2:2 со единствениот брејк во овој сет. Но, потоа Италијанецот направи серија од 4-0 и сетот го доби со 6:2. Во вториот сет првиот брејк беше за Нарди во третиот гем за водство од 2:1, а брзо потоа следуваше и нов брејк и водство од 4:1. Ивановски успеа да ја намали предноста (3:5) со брејкот во осмиот гем и да освои уште еден гем, но потоа следуваше последниот гем од мечот што го освои Нарди за 6:4 во сетот.

Македонскиот тенисер Калин Ивановски во текот на следната недела го очекува настап на уште еден челинџер турнир во Јапонија во градот Јакаичи и овој турнир ќе го стартува од квалификациите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…