Дома Трансфер зона Калиниќ не го интересираат кинеските милиони, Канаваро одбиен и по втор пат

Калиниќ не го интересираат кинеските милиони, Канаваро одбиен и по втор пат

kalinic

Хрватот, Никола Калиниќ останува во Милан, барем до крајот на сезоната.

Како што пренесува „Калчомеркато“ Калиниќ одбил трансфер во Гвангжу. Хрватот во Милано пристигна од Фиорентина каде што беше еден од најдобрите фудбалери, но за „росонерите“ оваа сезона беше стрелец само на четири погодоци.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите не се задоволни од настапите на фудбалерот кој се очекуваше да биде предводник на нападот на славниот клуб, дури кон него неколку пати беа упатувани и свирежи. Ваквата ситуација се обидува да ја искористи Фабио Канаваро тренерот на кинескиот клуб.

Да потсетиме, Канаваро се обидуваше да го доведе Калиниќ и како тренер на Тианџин минатата сезона, а сега сака со него да го засили клубот кој го превзема неодамна.

Милан можеби и би можел да го продаде, но самиот фудбалер не помислува на трансфер во Азија. Наводно, Калиниќ смета дека се уште е премлад да се откаже од Европа и најквалитетниот фудбал.

Доколку фудбалерот го прифатеше трансферот во Кина би станал најскапо платениот Хрват на сите времиња. Според информациите на „Калчомеркато“, Кинезите понудиле 50 милиони евра како оштета и плата од 15 милиони евра по сезона.

Само за споредба, Модриќ кој во овој момент е најплатен Хрват платен беше 30 милиони евра и во Реал заработува седум милиони евра годишно, а со сета почит кон Калиниќ и неговите квалитети сите знаеме каква разликата помеѓу овие двајца.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…